Ја слушав пред малку и реториката на СДСМ во парламентот, со очаен обид да прикажат некаков триумфализам, кажувајќи дека ова било нов пораз на Никола Груевски. Јас ќе им порачам: до 5-ти јуни можете да зборите и да глумите се, па дури и победници. На 5ти јуни ќе се срамите од самиоте себе. На 5-ти јуни ќе видете кој е победникот и кој е поразениот, и сегашната вештачка насмевка, нагло ќе ја загубите. Велам вештачка насмевка, затоа што по објавената проценка на САД и ЕУ, колку и да таа беше политичка одлука без аргументи, СДСМ единствениот спас го чекаа во поинаква наша одлука од оваа која вечерва ја донесовме. Сега и тоа го загубија – посочи претседателот на ВМРО-ДПМНе Никола Груевски на вечерашната прес-конференција. Ваквата изјава на Груевски доаѓа откако вечерва Сугаревски од собраниската говорница посочи дека пролонгирањето на датумот за распуштање на парламентот е уште еден пораз на Никола Груевски и директно признание дека на 24 април нема улови за фер и слободни избори.
Груевски во своето обраќање додаде:
А на 5-ти јуни, ќе видат кој победува, а кој губи. Излегле или не на избори, ќе видат што е референдумско гласање за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, како политичка гарнитура која најенергично и најодговорно се бори за македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.