На повеќе од десет Македонци административци и вработени во институции во надлежност на Општина Kичево вчера им биле поделени отказни решенија, пишува „Дневник“. Kоалицијата „Kичевчани за Kичево“ обвини за етничка чистка и најави реакција за случувањата.
Градоначалникот Фатмир Дехари отказите ги поделил не чекајќи да биде направена систематизација, која, патем, самиот ја најави. Од градоначалникот вчера не добивме одговор зошто почнал со кастрење на администрацијата и на вработените. Потврда за чистката по, како што велат, етничка основа вчера добивме од избркани работници и од коалицијата „Kичевчани за Kичево“, кои најавија реакција за случувањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.