Пејачката Сека Алексиќ е пресреќна. Таа доби вест дека е во благословена состојба, што е мелем за нејзината рана-психичките трауми кои уште ги чувствува од спонатиот абортус кој и се случил во јануари 2011 година. Тогаш и била дијагностицирана вонматерична бременост. После тоа таа западнала во повеќемесечна депресија.
-Мојот сопруг и нашите семејства цело време беа со нас, но и покрај тоа мојата состојба беше полоша и полоша. Со денови не јадев, а не бев способна ниту да зборувам. Сакав само да сум сама. Пријателите ми ѕвонеа, но го исклучив и телефонот- рекла Сека за Стори.
Таа спасот го нашла во манастир, каде долго разговарала со монасите, кои на неа делувале благотворно. Набрзо после тоа почнала повторно да живее со полни гради, да се смее, да пее, да сака.
Сега пејачката на големо се подготвува за новата улога на мајка, а со помош на сопругот ја променила и исхраната, бидејќи не сака ништо да препушти на случајот.Сепак не сака и премногу да зборува за бременоста, бидејќи се уште е во рана фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.