| четврток, 6 декември 2018 |

Соботка: Ако Велика Британија ја напушти ЕУ и Чешка ќе зборува за излегување

Budoucí premiér Bohuslav Sobotka poskytl 14. ledna v Praze rozhovor ČTK.

Budoucí premiér Bohuslav Sobotka poskytl 14. ledna v Praze rozhovor ČTK.

Ако Велика Британија ја напушти Европската унија, чешкиот премиер Бохуслав Соботка и во Чешка очекува слични дебати.

Соботка предупредува пред евентуалното излегување од Унијата, оценувајќи дека тоа би довело до враќање на Чешка во сферата на влијанието на Русија и признава дека не го посакува тоа.

Велика Британија за останувањето во ЕУ ќе одлучува на Референдум во јуни.

– Последиците, од излегувањето на Велика Британија може да бидат навистина огромни, рече Соботка, кој и претходно предупредуваше на бранот на национализам и сепаратизам, кој во таков случај смета дека може да почне да се шири на континентот.

Соботка смета дека на Чесите треба да им се објасни зошто нивната земја треба да остане во Европската унија.

Тој рече дека повлекувањето од ЕУ, покрај можното зајакнување на руското влијание ќе доведе и до „економски и безбедносни загуби“.

– Тоа ќе биде апсолутна негација на развојот по 1989 година, заклучи Соботка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top