| четврток, 6 декември 2018 |

Саемот за градежништво почнува на први март

Од први до петти март на Скопски саем тринаесети пат по ред ќе се одржи Саемот за градежништво, градежни матеијали и градежна механизација.

Покровител на Саемот за градежништво, втора година по ред е Министерството за финансии со проектите „Купи куќа, за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

Како што информираа на денешната средба со новинари од Скопски саем проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ имаат за цел да им помогнат на граѓаните полесно да се дојдат до сопствен дом, што се вклопува во концептот на Саемот за градежништво и за недвижнини.

Годинава, новина е што покрај градежни компании, компании за недвижнини и градежни материјали, ќе учествуваат и 14 општини кои ќе понудат државни парцели за изградба на куќи за проектот „Купи куќа за млади“.

ac6f199a-6378-4587-ad26-522aacfe5ffc

Валентина Димитрова, комерцијален директор на Скопски саем

– На Саемот за градежништво годинава ќе учествуваат 90 компании, а во рамки на Саемот за недвижнини 20 компании, значи вкупно 110 компании. Имаме учесници и од странство, од Германија, Турција и Србија. Конкретно за проектот „Купи куќа за млади“ на саемот ќе настапат и 14 општини кои ќе понудат плацеви за изградба на куќи. Во рамките на Караванот кој го организираат од страна на Министерството за финансии ќе се доделуваат влезници за посетителите и за сите заинтересирани за проектот преку што би го решиле своето станбено прашање – изјави Валентина Димитрова, комерцијален директор на Скопски саем.

Димитрова очекува и годинава да има голем интерес за саемот со околу 15.000 посетители. Саемот ќе се одржува во три хали и ќе биде отворен од 10 до 19 часот.

Саемот за градежништво и недвижнини е прва саемска манифестација која се организира годинава на Скопски саем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top