| четврток, 6 декември 2018 |

Градежниците побараа поголема заштита од државата

Gradeznici

Градежниците ги губат странските пазари а дома  има опасност за краток период да дојде до пореметување на пазарот поради зголемената понуда а се послабата финансиска кондиција на купувачите.

Градежниците ги сумираат ефектите од досегашното работење  а ги лоцираат клучните проблеми.

Државна статистика за последниот квартал од минатата година објави  намалување на трошоците во градежништвото за 1,1% и кај материјалите за 2,7%.. Намалувањето на цените на градежните материјали  според компаниите е поради  големата  конкуренција од соседството.

Додека градежните компании бараат пристап до странските и сигурност на домашниот пазар, министерот за финасии Зоран Ставревски токму градежништвото  го оцени како стабилен економски сектор.

Повеќе од 300 компании од градежната дејност се претставија на десеттото издание на меѓународниот саем на градежништво и на третото издание на саемот за недвижности и инвестиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top