
Дури и на нарачани анкети СДСМ повторно губи. ВМРО-ДПМНЕ води со 28,9 отсто пред СДСМ со 24,6 отсто, во анкетата што ја спровела агенцијата Фактор Плус Адриа, на примерок од 1.200 испитаници, во периодот од 15 до 22 февруари. ДУИ води со 10 отсто пред ДПА со 4,4 отсто, додека 26,9 отсто е контингентот неопределени избирачи.

СДСМ не може да ја сокрие огромната разлика во довербата па дури и на нарачани анкети СДСМ повторно губи. Дури и на ваквата штелувана анкета Зоран Заев и СДСМ губат односно ниту продавачите на скапа магла не може да го избегнат фактот дека Заев има очајно слаба поддршка од граѓаните.
Анкетите нарачани од СДСМ ги прави странска агенција. Експертите кои се занимаваат со ова прашање сметаат дека не е возможно странска агенција да има репрезентативен примерок за населението во друга држава. Затоа за ИРИ анкетите во Македонија ги прави Брима Галуп.

Веќе е познато и медиумите пишуваа дека „Фактор Адриа“ е блиска до агенцијата „Рускин и Хант“ која што е компромитирана ПР-агенција која во српските медиуми се оценува како продавачи на скапа магла и чии луѓе го советуваат и Зоран Заев. Воедно, многу набрзо по објавувањето на оваа информација, екипата на неделникот „Република“ го „улови“ џипот како го напушта седиштето на СДСМ. Тоа се луѓето од белградската врска која на СДСМ и Заев им нуди помош во односите со јавноста и помагале во креирање на стратегиското дејствување.
Резултатите од последната анкета на престижниот американски Интернационален Републикански Институт Брима Галуп покажуваат дека СДСМ се соочува со слаб рејтинг и недоверба кај граѓаните.
Огромна поддршка и повеќе од двојна предност има ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, односно доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.

Речиси 5 пати повеќе, односно 56.6% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ би победила доколку се организираат предвремени парламентарни избори на кој би учествувале сите партии, а само 12.4% сметаат дека тоа е СДСМ.

Анкетите, и онаа направена по нарачка на СДСМ и онаа спроведена од Брима Галуп, јасно покажуваат зошто лидерот на СДСМ, Зоран Заев бега од избори. Тој со вчерашната изјава потврди дека не сака одредување датум за избори затоа што знае дека ќе ги загуби. Лидерот на СДСМ уште еднаш нагласи дека се неопходни избори што поскоро, избори без фантомски гласачи и со слободни медиуми, а во својата изјава се закани дека инсистирањето на избори ќе ја втурне земјата во криза со несогледливи последици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


