Вторник ќе биде уште потопол февруарски ден. И понатаму ќе бидеме под јужно атмосферско влијание. Максималната температура во поголем дел од котлините ќе има вредност од 19°С до 21°С, и околу 23°С во делови од повардарието.
Облачноста претпладне ќе биде релативно мала, додека попладне таа постепено ќе почне да се зголемува.
Врнежи се можни во текот на ноќта, но само локално низ планинските предели во северната половина од земјата.
Во Скопје ќе биде претежно сончевопретпладне и умерено облачно попладне. Минималната температура ќе има вредност околу 2°С, додека максималната околу 19°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.