Една од најдобрите македонски виолинистки, Ана Кондратенко, ќе настапи како солист со Македонската филхармонија на концертот „Од Русија со љубов“. Како што кажува и насловот, овој пат оркестарот на Македонската филхармонија, предводен од извонредниот Емил Табаков од Бугарија, ќе ја слави убавината на руската музика.
На програмата се Концертот бр. 1 за виолина и оркестар од Дмитриј Шостакович, кој се смета за едно од најдобрите дела на овој рускиот автор, создаден во 1947/48 година и посветен на прочуениот Давид Ојстрах, како и Симфонијата бр. 4 од рускиот гениј Петар Илич Чајковски, една од најдобрите воопшто во симфониската литература, соопштуваат од Филхармонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан