Тери-Мари Палмер во момент на крајна љубомора го прободела своето момче до смрт поради бизарна причина.
23-годишната девојка се скарала со момчето Дејмон Сирсон, затоа што тој прифаќал други девојки да му бидат пријателки на Фејсбук.
Откако го извршила грозоморниот чин, таа се јавила на брза помош и објаснила што се случило.
Според судот, многу кратко пред да го убие, таа на Фејсбук напишала статус: „Многу ме нервира кога е на Фејсбук, не ми обраќа внимание кога му зборувам“.
Исто така, неколку дена пред да го убие, му испратила СМС порака во која пишувала дека му е многу лута и дека би сакала да го избоде до смрт.
Палмер ќе добие затворска казна од минимум 12 години пред да може да добие условно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фејсбук уште во 2014 година знаел за руското мешање на интернет
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија