| четврток, 6 декември 2018 |

Кање Вест раздвојуваше папараци во тепачка

Американскиот рапер Кање Вест се најде во улога на миротворец кога влетал во тепачката помеѓу двајца фотографи на аеродромот „Лакс“ во Лос Анџелес.

maxresdefault53

Музичарот потпишувал потпишувал автограми на голема група обожаватели кои се собрале кај терминалот кога здогледал двајца папараци кои почнале физички да се пресметуваат.

Во видео-снимката која ја објавил порталот „ТМЗ“ , раперот се обидува да ги раздвои двајцата фотографи, а откако успеал во тоа, Кање продолжил да потпишува автограми со насмевка на лицето.

Би се рекло дека оваа е голем исчекор за Кање на кој пред три години му се закануваше затворска казна од година дена бидејќи физички го нападна папарацото Даниел Рамос и му ја зел камерата.

Раперот беше осуден на две години условна казна, морал да плати отштета за камерата на Рамос и да посетува курсеви за контролирање на бесот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top