Компанија од американската држава Орегон, која се занимава со дистрибуија на храна, ја сопре испораката на конзерви со боранија откако една жена од Јута изјави дека во пакувањето што го купила пронашла глава на змија.
Трој Вокер кога почнала да подготува јадење забележала нешто необично, едно од гранчињата боранија личело како загорено, но кога погледнала подобро, видела очи. Веднаш конзервата и змиската глава ја однела во продавница каде што ја купила боранијата. Претходно, фотографирала и тоа ги испратила како доказ во фабриката каде што се пакува овој производ.
Од компанијата велат дека овој случај го сфатиле многу сериозно и веднаш контактирале со дистрибутерот .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


