| четврток, 6 декември 2018 |

Променливо време во последната недела од февруари

Оваа февруарска работна недела ќе ја одбележи прилично променливо време. Првите два дена ќе бидат натпросечно топли, а од среда се очекува постепен пад на температурата, прогнозираМетеопро.мк.

Вторник ќе биде променлив ден во однос на облачноста. Сончеви периоди ќе има, пред се во првата половина од денот и рано попладне, а кон крајот од денот очекуваме зголемување на облачноста и појава на слаб локален дожд во ноќните часови, пред се во планинските предели.

Среда ќе биде врнежлива, а врнежите ќе бидат позастапени околу пладне. Навечер облачноста ќе почне нагло да се намалува.

Четврток ќе биде претежно сончев, додека в петок постепено ќе се наоблачува. Оваа облачност ќе биде најава за врнежите кои, засега, се очекуваат за сабота.Највисоката дневна температура во вторник ќе биде во границите помеѓу 16°С до 18°С низ низините во западниот и северниот крај, а југоисточниот предел очекува максимална помеѓу 19°С и 23°С.Среда ќе биде посвежа во однос на втоерник за околу 4°С.
Падот на температурата ќе продолжи се до петок, кога максималната температура ќе има вредности помеѓу 10°С и 13°С, одосно околу 15°С на југоисток.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top