Освежувачите за простории и средствата за чистење се скриени убијци во домаќинствата, училиштата и во работните простории, а во најновиот извештај се тврди дека предизвикуваат смрт кај 99 илјади лица во Европа, пренесе „Телеграф“.
Извештајот, зад кој стојат здравствените здруженија во Велика Британија – Royal College of Physicians (RCP) и Royal College of Paediatrics and Child Health (RCPCH), предупредува како на лошиот квалитет на воздухот во затворените простории придонесуваат различни производи за домаќинства, неисправни бојлери, освежувачи на воздух, кои како средства за хигиена се истакнати како најопасни, бидејќи обично содржат хемикалии што се течни, но и лесно испаруваат.
Освен тоа, одреден мебел, ткаенини, лепила и изолациски материјали содржат формалдехид што испарува и ги иритира дишните патишта, односно белите дробови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.