| четврток, 6 декември 2018 |

Откриени две планети слични за Земјата

planetiОткриени се две планети слични на земјата, а истите се идентификувани благодарение на податоците добиени од вселенскиот телескоп „Kepler” соопшти Американската вселенска агенција НАСА. Тие го сочинуваат најоддалечениот дел на системот од пет небесни тела кои што кружат околу ѕвездата наречена „Kepler-62″, која што во голема мера наликува на нашето Сонце.
„Kepler-62e” и „Kepler-62f” планети се наоѓаат во зона соодветна за живот. Имено, тие се наоѓаат во област во која е можно присуството на вода во течна состојба и место каде што може да настане живот.

Вселенскиот телескоп „Kepler” е дел од мисијата на агенцијата НАСА и истиот е лансиран се со цел да се откријат планетите слични на Земјата кои што се наоѓаат во орбитата околу другите ѕвезди.

Овој вселенски телескоп, наречен по германскиот астроном Јохан Кеплер, лансиран е во март 2009 година. Првобитниот оперативен период на мисијата беше 3,5 години, но во 2012 година мисијата беше продолжена до 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top