| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Лондон контра Камерон: Ќе водам кампања за излез од ЕУ

a kameronБританскиот премиер Дејвид Камерон денеска во парламентот ќе го престави договорот кој во петокот го постигна со Европската унија за условите за останување на Британија во унијата. Камерон се надева дека ќе го убеди мнозинството Британци да гласаат за останување во ЕУ на референдумот распишан за 23 јуни, но не успеа да го убеди влијателниот член на својата Конзервативна парија, градоначалникот на Лондон Борис Џонсон, кој се определил за излез на земјата од ЕУ.

Британскиот премиер чија Конзервативна партија има силно евроскептично крило рекол дека министрите и другите членови ќе можат сами да одлучат дали ќе се залагаат за опстанок или за излез од ЕУ.

Неколку британски министри најавија поддршка на Камерон. Но, најголема непознаница до сега е како ќе се определи влијателниот ториевец Борис Џонсон.

  • Ќе водам кампања за излез од ЕУ, рекол Џонсон, но додал дека нема да учествува во телевизиски дебати против својата партија.

Министерката за внатрешни работи Тереза Меј и покрај шпекулациите дека е за Брегзит, потврдила дека го поддржува договорот што го постигнал Камерон.

Камерон го поддржала и министерката за меѓународен развој, а за останување во ЕУ веројатно ќе бидат и министрите за надворешни работи, за здравство, за образование и за сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top