| четврток, 6 декември 2018 |

Вулин: Србија не затвори граница кон ниту една држава

вулин

Српскиот министер Александар Вулин изјави денеска дека Србија не затворила граница кон Македонија, Бугарија или која било друга држава и најави дека новиот систем за регистрација на мигранти ќе почне да се применува од полноќ на грчко­ македонската граница.

– На нашите граници ништо не се менува. Претставници на државите кои потпишаа договор ќе имаат заедничка контрола над мигрантите на грчко­македонската граница- прецизираше Вулин.

Според него, таму ќе се задржуваат луѓе кои од која било причина не можат да поминат до крајната дестинација, а во согласност со политиката на државите на мигрантската рута.

– За нас тоа е големо олеснување бидејќи ќе бид епомал притисокот врз нашата територија, односно оние кои не може да продолжат со движењето нема да може ни да влезат на територија на Србија- истакна Вулин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top