| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски:СДСМ знаат дека нивната деструктивна политика на креирање кризи нема поддршка кај народот

ил

-Се согласивме на измени во Изборниот закон и ги прифативме барањата на СДСМ, се согласивме за нова структура и нов состав на ДИК, се согласивме на прецизно регулирање на можностите партиите на фер начин да обезбедат можност за учество на изборите, иако законските решенија и до сега го нудеа тоа. Конечно, се согласивме СДСМ да ги добие ресорите за внатрешни работи и труд и социјална политика, како и три заменички места без да имаат мандат од граѓаните за тоа -истакна денеска Илија Димовски

-Три месеци подоцна, гледаме дека нивните кадри немаат ниту еден позитивен резултат со кој може да се пофалат во јавноста. Во ресорите каде раководат се говори само за вработување партиски послушници, унапредување на блиски роднини, беззаконие и хаос со кои се кочат сите проекти наменети за граѓаните.

Во минатиот период беа исполнети и многу други прашања, договори и обврски од разговорите помеѓу политичките партии.Остана да се испочитува уште крунскиот услов на договорот од јуни/јули, а тоа е одржување на предвремените парламентарни избори за кои потпишавме и гласавме во Собрание да се одржат на 24 април 2016 година. СДСМ знаат дека нивната деструктивна политика на креирање кризи нема поддршка кај народот. Затоа како што наближуваше терминот за избори, се зголемува стравот на СДСМ од соочување со граѓаните. Затоа СДСМ почна да измислува нови и нови услови за да ја држи земјава во заложништво и долготрајна криза. Ова беше видливо особено во институциите каде токму од нив зависеше реализирањето на одредени сегменти од изборниот процес. Да биде иронијата поголема, деновиве дури можевме и да прочитаме дека наместо да се фокусира на вкрстувањето на податоци во ДИК за брзо прочистување на Избирачкиот список, нивните експертите со смешни образложенија дека имале други обврски ја напуштаат работата на ДИК- рече Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top