| четврток, 6 декември 2018 |

Раул Гонзалес: Слабо игравме, добро е што победивме!

vardar-pres-200216

Шпанскиот стратег на РК Вардар, Раул Гонзалес, изрази незадоволство од играта на неговите играчи, но сепак на крајот најважно е што Вардар ги освои планираните два бода.

„Му честитам на противникот, денеска одигра многу добро. Ние игравме добро во првите 10-15 минути во сите елементи, добро функциониравме, одбраната ни беше во ред со 6-0 и 5-1, имавме добар напад и се чувствувавме добро на теренот. Но, потоа Кристијанштад се врати, заигра многу добро и ги искористи своите контранапади. Имавме многу проблеми со нивните контри и тие успеаа да го намалат нашето водство на само два гола разлика на полувремето. Во второто полувреме се обидовме да направиме разлика, но не успеавме во тоа. Задоволен сум од двата бода, но не и од играта. Но, понекогаш се случува и тоа. Важно е што ги освоивме бодовите“, изјави Раул на прес-конференцијата по натпреварот со Кристијанштад, кој „црвено-црните“ го добија со 38-36..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top