Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио смета дека Лионел Меси и Кристијано Роналдо не се меѓу петте најдобри фудбалери на сите времиња, додека себеси се постави на втората позиција.
Поранешниот фудбалер на Барселона состави листа од пет најдобри фудбалери на сите времиња, на која тој е веднаш зад Пеле, а потоа следуваат Марадона, неговиот сонародник Роналдо и Зинедин Зидан.
Неприкосновениот Пеле е најдобар поради трите светски титули со Бразил, иако никогаш нема играно во Европа.
Ромарио се ставил на второто место поради се што има направено во текот на кариерата, како и поради титулата светски првак со Бразил во 1994 година.
Поради лошите резултати со нивните репрезентации, според мислењето на Ромарио, Меси и Роналдо не се на листата меѓу најголемите.
Се сложувате ли со изборот на Ромарио за петте најдобри играчи во историјата на фудбалот?
1. Пеле
2. Ромарио
3. Марадона
4. Роналдо (Бразил)
5. Зинедин Зидан
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.