| четврток, 6 декември 2018 |

Секс-скандал на самитот на ЕУ во Брисел

На самитот на Европската унија деновиве во Брисел се расправа за многу важни точки поврзани со иднината на Европа, но политиките ќе останат во сенка по секс-скандалот кој го откриле словенечките дипломати.

Како што пишува британски  „Сан“, во бањата на зградата „Лекс“ на европскиот конзулат, дипломатите начекале двајца германски бирократи во страстен сексуален клинч.

Наводно, станува збор за преведувачи, бидејќи „Лекс“ се наоѓа веднаш до главната зграда и е наменета токму за преведувачите и интерпретаторите.

– Сите сакаат да ги знаат нивните имиња. Меркел нема да биде воодушевена кога ќе дознаете дека љубовниците се Германци –  смеејќи се коментира неименуван извор на „Сан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top