| четврток, 6 декември 2018 |

Фатени илегалци од Пакистан во гевгелиско

Петмина државјани на Пакистан биле фатени додека се обидувале илегално да ја преминат македонско-грчката граница, завчера вечерта, во близина на Гевгелија.

emigranti

Според МВР, полицијата од граничниот премин Богородица ги забележала илегалците кај месноста Сепарација. Тие се обиделе нелегално да преминат од Грција во Македонија.

Пакистанците се приведени и однесени во Прифатниот центар за странци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top