Утре, в петок, на 19 април почнува да работи рингишпилот на градскиот плоштад во Скопје. Првиот ден е беспалтен за сите деца кои ќе дојдат да се возат.
Во април и мај билетите ќе бидат со промотивна цена и тоа; 30 денари за 1 лице, а за дете со родител билетот ќе изнесува 40 денари. По промотивниот период, од 1 јуни, цената на билетите ќе изнесува 45 денари за едно лице и 60 денари за дете со родител. Дозволената возраст на децата е до 12 години, додека за деца до 5 години ќе биде дозволено придружба од родител.
Каруселот има 21 фигура од кои; 8 галопирачки коњчиња, 9 коњчиња кои се нишаат, 2 статични кочии, и 2 чајни чашки, или вкупно 31 седиште. Првите три дена каруселот ќе работи од 10:00 часот до 22:00часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.