Денеска се контитуираше новиот Совет на град Скопје кој има вкупно 45 советници, 22 се на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, 14 се на СДСМ и коалицијата „Сојуз за иднина“, пет се од ДУИ, тројца од ДПА и еден е од ДОМ. За претседател на Советот е избрана Ирена Мишева. За нејзиниот избор не гласаа социјалдемократите. Мишева третпат во води Советот на град Скопје.
Најмлад член е 24-годишната Сања Зинзирова од СДСМ, најстар 87 годишниот Јосиф Андреевски од ВМРО-ДПМНЕ. Вкупно, само една третина од сегашните биле членови нар претходен советнички состав, меѓу кои рекордер е Александар Бичиклиски со петти мандат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.