| четврток, 6 декември 2018 |

„Издишки“-нова поетска книга од Михаил Ренџов

Познатиот македонски поет Михаил Ренџов во поетската едиција на скопски Макавеј ја објави новата поетска книга „Издишки“.

Во препораката кон новата поетска книга на Ренџов, поетот и  литературен критичар Бранко Цветкоски истакнува:

„По­е­тот Михаил Ренџов е веќе меѓу иконите на македонската со­вре­ме­на поезија. Нежниот и емотивен лиричар со новата книга со наслов „Из­ди­шки“ јасно напомнува дека се посветува на нова тема која го потенцира и го става во поетска разработка за­ле­зот на човековиот живот.

Ма­ке­дон­ски­от лиричар од прв ранг многу лесно се шета по бранувањата на душата и по секавичните изблици на убавината во се што ќе допре – во раз­мис­ла­та за времето што одминува, во погледот кон липата што катапролет раз­у­ба­ву­ва, во длабочината на тупотот на срцето кое како да ја мери веч­но­ста, во дијалогот со митската поетеса Сафо, во роморот на чешмата, во гласот божествен што тихум се дослушнува секој ден… Оваа книга на Ренџов пленува со ле­жер­но­ста на опсервацијата и со леснотијата на извлекувањето на поентите.

Како што е познато Ренџов е автор на дваесетина поетски книги, неколку книги раскази, носител е на врвни македонски и меѓународни поетски награди, негови книги се преведувани на десетина светски јазици.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top