| четврток, 6 декември 2018 |

Сашко Коцев: „Свадбата на фигаро“ е претстава во која не вадиме гаќи од задник за да бидеме смешни

В понеделник, на 22 февруари на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе биде одиграната јубилеаната, 100. изведба на претставата „Свадбата на Фигаро“, чијшто режисер е Грузиецот Леван Цуладзе, а автор на текстот е Пјер Бомарше. Во улогата на Фигаро настапува Сашко Коцев, а во другите улоги настапуваат Ивица Димитријевиќ, Томе Витанов, Нино Леви, Славиша Кајевски, Николина Кујача, Дарија Ризова, Драгана Костадиновска, Марија Новак.

– Ова е претстава во која не вадиме гаќи од задник за да бидеме смешни. Нема пцоски, нема плукања на сцена, нема гнасни работи. Во неа нема дневна политика. Можеби тоа е тајната што оваа претстава ќе доживее 100. изведба – вели Коцев, кој го толкува главниот лик во претставата.

11138093_10207071009671013_2641965965745938755_n

Комедијата „Свадбата на Фигаро“ ја имаше премиерата на 22 јули 2011 година, на отворањето на Охридско лето, а потоа од 21 октомври 2011 година е на редовниот репертоар на МНТ.

– Тоа е убава летна приказна, која ја подготувавме за отворањето на Охридско лето. Во претставата има многу убав, чист, мек јазик и навистина не ни е потребно ништо да вулгаризираме за да бидеме смешни – додава Коцев, кој признава дека и по 99 одиграни претстави „Свадбата на Фигаро“ не трпи многу импровизации и не отскокнува многу од првата извдеба пред речиси пет години.

Според кажувањата на актерите, претставата речиси секогаш се играла во полн салон.

Ликот на грофот го толкува Нино Леви, кому како да му е запишано во ѕвездите дека е дел од актерската екипа на секоја претстава што доживеала повеќе од 100 изведби. Освен „Свадбата на Фигаро“ Леви играл и во „Буре барут“, „Сомнително лице“, „Народен пратеник“ и други.

– Не знам, можеби сум хит-мејкер? Ова е убава претстава која зборува за љубовта – вели Леви.

Николина Кујача го толкува ликот на грофицата.

12688085_10207070985430407_6318979599648017369_n

– „Свадбата на Фигаро“ има цврста структура, така што сите овие години не бегаме многу од основата. Внатре во неа одредени ликови имаат склоност кон импровизаии, но тогаш импровизацијата добива на свој шарм – завршува Кујача.

Фигаро е стара и, бездруго, шегобијна шпанска/италијанска именка што значи бербер. Бербер, пак, е занаетчија од прв ред: неизбежен (нели, денот со него почнува!), остар (нели, и работи со остри предмети!), пресретлив, доверлив, секогаш добро информиран, вешт, брз во комуникациите (од секаков вид), духовит.

Со векови, берберите успешно излегувале на крај и со прирачните лекарски работи: шиење рани, пуштање крв, решавање опстипациски проблеми, вадење заби… Дека ваквиот бербер е идеален прототип на комичен јунак докажуваат уште античките митови, средновековните фарси и италијанските комедии кои го препознавале и го ползувале како куражен, умен, ноншалантен, палав, врвен, ингениозен интригант! Во комедија дел арте тој е типизиран во ликот/типот на вториот од двајцата слуги – Бригела. Се знае, првиот слуга е Арлекино!

Книжевните и театарските истории едногласно констатираат дека Бомарше е неговиот клучен апологет, воедно и неговиот нунко: имено, токму на Бомарше му текнало, најпосле, да го именува, да му го даде името според занаетот и да го нарече Фигаро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top