Лично не верувам околу оцените дали имa услови за фер и демократски избори, сосем се субјективни оценките, вели професорот Димитар Мирчев на дебатата на ТВ Нова.
Нема индикатор кој би ги потврдил тие оцени, се разбира тие се навиткувани од оние кои се плашат од изборите и однапред со пресумпција тврдат дека нема да бидат кредибилни, вели Мирчев.
-Избирачките списоци, а за кои, пазете имаше оцени и од ДИК минатиот пат кога Хан беше во посета на Скопје а тоа дека за 10 дена можат да се прочисти избирачкиот список. Можеби не може точно за 10 дена, можеби за 20 дена, вели Мирчев.
Ќе ви кажам уште 1-2 факти, продолжи Мирчев, завчера излезе предлог извештај за напредок на Македонија на Европскиот Парламент кој го има формулирано во име на голема група на пратеници Иво Вајгл, кој многу активно заедно со Ховит и Кукан учествуваше и во разработката на елементите и во самиот договор од Пржино, а дури и притискаа за него.
-Тој извештај вчера беше разгледуван и во основа е поволен и идната недела ќе се усвои. Не може да дојде до тоа извештајот да биде поволен а оценката на 2-3 амбасадори овде да биде неповолна, заклучува Мирчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.