| четврток, 6 декември 2018 |

Огласот успеа-се јави мистериозната црвенокоса од загрепскиот трамвај

миха

На загрепчанецот Михаил Диклиќ (18) кој го облепи Загреб со оглас преку кој ја бараше црвенокосата девојка која ја видел во трамвај, желбата му се исполни.

Фаталната убавица му се јави на Михаил.

-Мобилниот ми се вжешти од пораки и повици. Имаше многу шегување, но ми се јави и таа. Ми прати порака на ВатсАп, а како таму има и фотографија на профилот, знаев дека навистина е таа. Ми напишала дека видела дека ја барам, ми се претстави, но и ми кажа дека има момче. Сепак мило ми е што воопшто ми се јави- рекол Михаил.

Да потсетиме, црвенокосата девојка, Михаил ја видел во трамвајот 32 минатата сабота, но немал храброст да и пријде. Додека собрал храброст, девојката излегла од трамвајот. Како не можел да ја исфрли од глава, решил да ја побара преку оглас со кој го облепил целиот град.

миха2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top