Централен регистар е уште една во редот институции која објави оглас за висока плата. Станува збор за Регистратор кој ќе прима плата од 67.243 денари.
Врз основа на член 18 став 2 од Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (Сл. весник на Република Македонија бр. 84/2005, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15 192/15 и 53/16), и член 22 од Законот за работните односи („Службен весник на Р. Македонија” број 167/2015 – пречистен текст и 27/2016) a во врска со Решението на Управниот одбор на Централниот регистар на Република Македонија број, 02013/14 од 16. 02. 2018 година, Централниот регистар на Република Македонија објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор и именување на Регистратор
За именување на Регистратор на Централниот регистар на Република Македонија на определено време за 4 четири) години, се именува лице кое треба да ги исполнува следните услови:
1) да е државјанин на Република Македонија;
2) активно да го користи Македонскиот јазик;
3) во моментот на именување со правосилна судска пресуда да не му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
4) VII1 степен ВСП правен факултет Дипломиран правник со положен правосуден испит и
5 (пет) години работно искуство на правни работи по положувањето на правосудниот испит,
– Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно редовно работно време од 40 часа (5 пет работни дена во неделата) и основна нето плата од 67.243,00 денари;
-Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8, 00 часот a завршува во 16, 00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.