| четврток, 6 декември 2018 |

Дојавите за бомби во Москва биле лажни

Идентификуван и приведен е граѓанин, кој јавил дека е поставена бомба до една од зградите на претседателската администрација на Русија во центарот на Москва, јави ТАСС повикувајќи се на неименувани полициски извори.

evakuacija-moskva

Кај приведениот пронајдени се документи кои укажуваат дека има психичко нарушување.

Полициската проверка е завршена во осум од 12 трговски центири, за кои било дојавено дека се поставени бомби, при што беа евакуирани повеќе од 10.000 луѓе. Во ниту еден објект не е пронајдена бомба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top