Неодамнешните студии кои беа направени во САД откриваат интересни сознанија. Прочитајте и дознајте ја тајната за среќен брак – можеби ќе се изненадите.
Дали сте великодушни?
Едно истражување во рамките на еден национален проект, направено во САД покажа дека великодушноста е основата за среќен брак. Таа може да значи многу работи, почнувајќи од кафе и цвеќе, па сè до масажа.
Пет пати посреќни
Во студијата која вклучуваше 1400 среќни двојки, партнерите кои пријавиле високо ниво на великодушност го оцениле својот брак како многу среќен, па дури и пет пати посреќен за разлика од оние кои тврдат дека има малку великодушност во нивната врска. Великодушноста кон партнерот испраќа скриена порака: „ Многу ми значиш, те ценам и почитувам“.
Сепак великодушноста не е толку важна колку и сексот!
На крајот, истражувачите повторно дојдоа до класичниот заклучок – сексот е најважен! Луѓето во брак кои изјавиле дека нивниот сексуален живот е натпросечен, го оцениле својот брак како многу среќен, 10 до 13 пати повеќе за разлика од оние кои не се задоволни од него.
Внимание – добриот секс не е само секс
Задоволството од сексот зависи од повеќе работи, кои вклучуваат великодушност, како и почитување и квалитетно време кои партнерите го поминуваат заедно. На пример, жените кои ги делат домашните обврски со својот сопруг се позадоволни со својот сексуален живот.
Не заборавајте – животот надвор од спалната соба има голем ефект на она што се случува во неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.