Нов отворен базен во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е една од новите мерки за млади, кои денес ги најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
– Во согласност со потребите на СЦБТ, во согласност со тоа што таму постои аквапарк што одлично функционира, базенот ќе биде дополнителна нова понуда. Трошоците за изградба се 740.000 евра. Почеток на градба е предвиден за 2018 година. Со ова, заедно со проектот за затворени тениски игралишта и затворена сала за гимнастика, како и постојните, ќе се добие современ центар за рекреација за скопјани и за сите други граѓани што доаѓаат тука – заклучи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.