| четврток, 6 декември 2018 |

Каде сѐ ќе нема струја утре

ekipa-na-evn-napadnata-vo-tetovska-golema-rechica-117388111

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека, поради технички зафати во електросистемот што ќе ги спроведува „ЕВН Македонија“,  утре без струја, во различни временски периоди во денот, ќе останат граѓаните од следниве места:
Од 10 до 15 часот селата Раовиќ, Паничари, Буковиќ, Семениште, Ласкарци, Чајлане, Арнакија.
Од 9.30 до 15 часот делови од улиците Варшавска, Иван Милутиновиќ, Хелсинки, Париска, Букурешка, Ташкенска.
Од 9 до 11.40 часот улицата 95 во Волково.
Од 9 до 15 часот населените места Шуто Оризари, дел од улицата Гарсија Лорка и дел од улицата Метохиска.
Од 9 часот до 14 часот, населеното место, во дел од селото Долно Свиларе. Од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат улиците 51 и 52 во населбата Стопански Двор.

Од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат и улиците Арсениј Јовков. Од 9 до 14 часот струја ќе нема ниту во дел од населбата Козле (Месна Заедница Кузман Јосифовски Питу). Од 11 до 12 часот без снабдување со електрична енергија ќе биде и дел од населбата Керамидница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top