Има ли во училиштата и во градинките присуство на радон над дозволените граници? Од Институтот за јавно здравје за неколку месеци ќе знаат каква е состојбата со овој радиактивен гас во објектите во кои престојуваат деца. Во тек се мерењата по што ќе ја утврдат годишната концентрација на радонот, кој според Светската здравствена организација е втор ризик фактор за појава на рак на белите дробови. Доколку има отстапувања веднаш ќе ги известат министерството за здравство и локалните власти.
-Во тој случај можат да се преземат и одредени активности за ремедијација. Наша цел е преку оваа програма да го намалиме ризикот од канцерогенеза, а кои ќе бидат ефектите, тоа ќе знаеме по 20 години. Референтните вредности се 200 бекерели за нови објекти, а 400 за веќе изградени објекти – изјави Лидија Николовска од ИЈЗ.
Во Македонија нема мерење на концетрацијата на радон во земјиштето пред почнување со градба. За подобрување и регулирање на овие стандарди, од ИЈЗ на работилницата за превенција и ремедијација на овој гас од објектите за живеење, учествуваат и градежни фирми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.