Народниот театар – Битола ги почна подготовките за три театарски претстави инспирирани од Сонетите на Вилијам Шекспир кои секоја одделно ќе ги режираат Јован Ристовски, Ангелчо Илиевски и Благој Мицевски.
– Овие проекти се поддржани од Министерството за култура. Трите театарски претстави ќе бидат одиграни на „Битола Шекспир фестивал“ како една компилација. Но, исто така очекуваме овој производ да го понудиме на големиот театарски пазар во светот и објективно очекуваме повеќе настапи на фестивали во светот. Воедно на овој начин го одбележуваме големиот датум во светската уметност, односно 400 години од смртта на Вилијам Шекспир, и токму затоа во април ќе биде и премиерата на овој најнов проект, вели Валентин Светозарев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Но(е)ва Македонија“ – нова премиера во Битолскиот театар
-
Подвижниот музички театар од Битола со проектот „Девојката со жиците“ в сабота на сцената во Љубљана
-
Премиера во Битолски театар: Соња Михајлова во улогата на Цезар во „Јулие Цезар (Res publica или Cosa nostra)“
-
Битолски театар – репертоар за месец март 2018