| четврток, 6 декември 2018 |

Маж пријавен за исчезнат пронајден мртов во приколка

Вечерва во 13.10 часот во ПС-Охрид М.А. (58) од Охрид, управител на камп – „Партизан“,  пријавил дека, при преземање мерки заедно со полициски службеници за пронаоѓање на исчезнато лице, во камп-приколка го пронашол починат М.Е. (49) од Охрид.

Починатото лице на 7 февруари било пријавено за исчезнато од 2 февруари. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОКТ при СВР-Охрид.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а од надворешен преглед на лицето не биле констатирани видливи повреди и траги на насилство.

По наредба на обвинителот, телото ќе биде пренесено во Медицински центар Битола – судска медицина каде што ќе се врши обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top