Отакако го поминале пешачкиот премин кај католичка црква, црвено возило од марката хонда им го пресекло патот. За да го избегне ударот, возачот Џенис преминал на другата лента, десната и одеднаш совозачот Артан Фејзулах водел човек на хаубата свртен со лицето во предното стакло.
Артан денеска сведочеше пред кривичниот судски совет, дека кобниот ден, на 15 ноември, кога во сообраќајна несреќа загина Иван Билински, 16 годишно момче од Скопје, со Џенис Мекиќ, кој е обвинет за смртта на момчето, се нашле кај трговскиот центар Три бисери во Аеродром. Таму го зеле џипот од марката „Туарег“, кој бил во сопственост на таткото на Артан и сакале да го однесат во автоперална во Нерези. Џенис управувал со возилото, а Артан вели дека не се сеќава кој му ги дал клучевите. Тој објасни дека додека возеле на левата лента по улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ пред нив возела црвена „хонда“ која во два наврати се престројувала во двете ленти. Отако се запалило зеленото светло на семафорот, и го поминале пешачкиот премин, црвената „хонда“ уште еднаш им го пресекла патот и за избегнат судир Џенис се престроил во десната лента. Следниот момент на хаубата виделе човек со лицето свртен кон нив. Артан изјави дека претходно не го видел човекот.
Артан сведочеше дека по ударот Џенис бил видно вознемирен и потресен, и сакал да помогне, но присутните не му дозволиле. Веднаш стигната полиција и брза помош, а со нив застанал и возачот на црвената „хонда“, а кој Артан вели дека заедно се прашувале што се случило.
Според Јавното обвинителство Артан дал две различни изјави. Во првата изјава рекол дека не се сеќава дали урдиле пред или откако го поминале пешачкиот премин.
Следното рочише е закажано за март со доказна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.