| четврток, 6 декември 2018 |

Њујоршки Џек Мевосек: Се бројат телата жртви на милионерот од Њујорк!

Членот на едно од најбогатите њујоршки семејства најстариот син на сопственикот на девет облакодери на елитните њујоршки локации Роберт Дурст ја имал таа несреќа цел живот околу него или да исчезнуваат или со насилна смрт умирале луѓе кои му биле блиски.

Сепак истрагата долга неколку децении покажала дека станува збор за сериозни злосторства, а не несреќа.

Во септември 2001 во Гавелстон во Тексас детективот Гари Џонсон отишол на повик каде момче во морето налош нешто налик на торзо, но без раце, без глава и без нозе.

– Истражував голем број тешки убиства во кариерата но никогаш не сум имал распарчена жртва., вели детективот.

Првата трага на истражителите им било парчето весник пронајден во една од вреќиќчките со распарченото тело. На него се гледала адреса, а на тој број живеел маж, кој се покажало по обдукцијата е убиен, распарчен и фрлен во тексашкиот залив. Се викал Морис Блек. Во станот до него живеела постара глувонема жена Дороти која често била отсутна. Сопственикот на станот им рекол на полицајците дека често е отсутна бидејќи патува, но ја платила куријата една година однапред.На детективите им била сомнителна, па го прегледале станот. На подот нашле ситни исекотини. Кога форензичарите го сработиле својот дел од работата, истражителите дознале дека го имаат местото на злосторството. на тоа место Мосир Блек бил распарчен. Но која била мистериозната станарка? Ништо во куќата не упатувало на тоа дека во него живее жена. Детективите го прегледале и отпадот. Во него имало пакет цигари „Марлборо“, прибор за бричење, пластични чаши и хартија за закажан преглед кај доктор по име Роберт Дурст. Го повикале докорот и сфатиле дека имаат неверојатна среќа. Кога мистериозниот маж се појавил на преглед, докротор ја известил полицијата, а тие изненадени што случајот е толку лесно решен, го уапсиле осомничениот. Но, тоа не било крај, а секако ниту почеток на бизарната приказна за Роберт Дурст.

Првата сопруга исчезната без трага

На неговата прва жена и се губи трагата уште на 31 јануари 1982 година. Катлин била студентка по медицина и три недели порано била во болница бидејќи, како што и признала на една пријателка, сопругот од кого се развела, ја тепал.

Семејството и пријателите биле убедени дека 29 годишната Катлин ја убил Роберт. нејзиното тело никогаш не било најдено, а богатиот наследник никогаш не бил под истрага и покрај нејаснотиите во случајот и фактот дека го менувал исказот во полиција.

Речиси 20 години подоцна апсењето на Роберт во тексас била можност грешката да биде исправена, барем така се надевало семејството на младата Кетлин убедени во неговата вина.

Во овој случај немало докази, немало ниту тело, но трагите што ги пронашле форензичарите без тронка сомнеж ставиле секира и пила во неговите раце при убиството на Морис Блек.

Откако извесен период бил во бегство, богатиот њујорчанец бил фатен како краде сендвич и фластер во една продавница иако во џебот имал 500 долари. Во неговиот автомобил пронајдена е марихуана, два пиштоли, пари и возачка дозвола на име Морис Блек.

Прво признание

На судењето признал дека по караницата во самопослугата во самоодбрана го убил соседот. Тврдел дека се бореле за неговиот пиштол кој во текот на борбата пукнал во лицето на жртвата. Но, неговиот скапи адвокати успеале да го ослободат од обвинението.

Роберт Дурст се извлекол и поради фактот што убиството се случило во Тексас каде граѓаните имаат право да пукаат доколку во нивниот дом влезе непознато лице. Така судот пресудил дека Дурст е виновен за распарчувањето на Морис Блек, но не и за неговото убиство.

Случајот ги подели неговите познаници, јавноста и конетарите. некои тврдеа дека Роберт Дирст е нејнесреќниот милионер на светот.

Во една прилика самиот Дурст изјавил дека секогаш имал повеќе пари отколку што можел да потроши, но сеедно не бил среќен.

Некои тврдеа дека станува збор за психички пореметена личност. Неговите адвокати довеле стручњак кој изјавил дека Дурст страда од Аспергеров синдром.

Откако одлежал неколку години за распарчувањето на Морис Блек, милионерот е пуштен на слобода.

Неговиот случај беше толку необичен и предизвика толку многу полемики што ги заинтерисира Ендру Дарекома, Марк Смерлинг, Закари Стјуарт Понтиер кои интервјуираа низа личности кои дошле во контакт со Роберт Дирст, вклучувајќи го и детективот Гари Џонс од Тексас.

Резултато бил шокантен документарен серијал под наслов „Проколнат: Животот и смртта на Роберт Дурст, во слободен превод.

Овие режисери успеаја во уште нешто, го доведоа самиот Дурст пред камера, а тој почна да говори за својата прва сопруга.…

Уште една случајна жртва

Тој и Кетлин се запознале додека младата забарска техничарка била станарка во една од зградите на неговото семејство. На почетокот среќната двојка почнала да се расправа откако таа признала дека сака деца, а тој го одбил тоа. Откако забременила, сопругот ја натерал на абортус доколку сака да останат во брак. Таа таквиот чин не можела да го заборави. Двојката се оддалечила и почнале почесто да се караат. На денот на исчезнувањето, Кетлин била на забава кај пријателка каде рекла дека „ако нешто и се случи, за тоа е виновен Роберт“.

Тој на полицијата и раскажал дека ја испратил до железничката станица за Њујорк. Следниот ден таа му се јавила на деканот на факултето и рекла дека е болна и дека нема да дојде на предавање. Деканот тоа и го кажал на полицијата која заклучила дека младата жена побегнала од лошиот брак да се сокрие некаде. Роберт Дурст ги фрлил по неколку дена нејзините работи иако понудил 100.000 долари за информација за неа. Случајот се оладил, но луѓето околу Кетлин не престанувале да копаат. По повеќе од 15 години, во 1999 година њујоршката полиција во тајност отворила нова истрага. На другиот крај на Америка живеела личност која можеби можела да им помогне. Сузан Бергман била писателка, ќерка на познатиот њујоршки мафијаш и пријателка на Роберт од младоста. Биле блиски речиси 40 години. Добро го познавала него и неговата сопруга.

Во ноември 2000 година истрагата станала јавна, а еден месец подоцна Бергман е пронајдена мртва во својот стан во Лос Анѓелес, убиена со истрел во тилот. Дека се случило убиство полицијата дознала од анонимно писмо во кое е наведена нејзината адреса и еден збор-тело. Интересно е што адресата била напишана со печатна грешка што подоцна ќе покаже дека било клучно. Бидејќи Бергман требали да ја посети полицијата и да ја испраша за испезнувањето на Кетлин Дирст многунмина не се зачудија од нејзината смрт и и ја препишаа на истрагата. Но Бергман поради семејни врски била блиска со мафијашите и затоа пишувала истражувачки книги. Во времето кога Кетлин исчезнала, Бергман била нешко како менаџерка на Дурст во контактите со медиумите, некои дури и тврдеа дека таа му се јавила на деканот на факултетот претставувајќи се како Кетлин или од него побарала да раскаже лага пред медиумите. Полицијата не најде траги од насилно влегување и заклучи дека Бергман го пуштила убиецот во својот дом. Во времето кога била убиена Дурст бил во Калифорнија. Ја напуштил земјата вечерта пред да го откријат нејзиното тело. Се преселил во тексас во кој живеел преправен во жена. Знаел дека е отворена истрага за Кетлин, а потоа во 2001 година во морето во заливот Галвестон испливало распарченото тело од почетокот на приказната.

Признание пред камера

Можеби несреќниот милијардер би се извлекол од сето воа да не беше документарната мини-серија и истражувачката работа на нејзините автори кои копаа се подлабоко и стануваа се посигурни дека нивиот главен лик е виновен додека Дурст почнал да се повлекува од проектот.

Во неговата вина станале сигурни кога еден роднина на Сузан Бергман пронашол писмо кое и го испратил Дурст. На пликот била напишана адресата со печатна грешка. Авторите на филмот ја воочиле грешката, иста како и онаа со која се известува полицијата за смртта на Бергман. освен тоа, авторите пресметале дека Дурст имал доволно време да отпатува на аеродром создавајќи си алиби. Еден ден пред објавувањето на документарецот Роберт Дурст е уапсен во хотелот во Њу Орлеанс во кој се пријавил под името Еверет Вард. Агентите на ФБИ откриле каде се наоѓа бидејќи си проверувал говорна пошта. Кај него биле пронајдени 38-калибарсли револвер, муниција, марихуана, неговата крштеница и пасошот, лажна лична карта, нов мобилен телефон, крта на Луизијата, Флорија и Куба, маска од латекс за лице со боја на кожа и 42.000 долари во банкноти од по стотина долари. Обвинителството во Лос Анѓелес издало налог за апсење поради убиство на Сузан бергман од 2000 година и врз основа на тоа е уапсен.

По апсењето во март 2015 година во медиумите пишуваше дека полицијата истражува негова поврзаност со исчезнувањето на повеќе тинејџерки: Лина Шулц, која тогаш имала 17 години, а последен пат била видена на станицата наспроти неговата продавница; Карен Мичел, исчезната во 1997 година, a 18-годишната Кирстен Модафери последен пат е видена во Сан Франциско 1997 година, но Дурст никогаш не го обвиниле за тоа.

ФБИ ја повика полицијата да ги истражи старите нерешени случаи на локациите каде што живеел Дурст, а според истрагата на еден приватен детектив, под лажни идентитети живеел во масачусец, Јужна Каролина, Флорида, Мисисипи, Тексас, Вирџинија и Њу Орлеанс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top