| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Ердоган под истрага во Италија за наводно перење пари

erdogan

Против Билал Ердоган, вториот син на претседателот на Турција е покрената истрага во Италија под сомневање за перење пари, јави ДПА повикувајќи се на судски извори.

Билал Ердоган кој има 34 години, се пресели заедно со семејството во Болоња во септември поради, како што наведе, докторската дисертација на универзитетот Џон Хопкинс.

Обвинителството во Болоња врши истрага за тврдења на турски бизнисмен дека синот на Ердоган пристигнал во Италија со многу пари кои најверојатно се добиени на нечесен начин, јавија италијански медиуми.

Во декември Билал Ердоган ги отфрли тврдењата дека семејството има приходи од шверц на нафта од територија на Сирија и на Ирак кои се под контрола на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top