| четврток, 6 декември 2018 |

Абрамович не е меѓу десетте најбогати Руси

Roman_Abramovich_YachtРоман Абрамович, сопственик на англискиот фудбалски клуб „Челси“ и љубител на јахти, веќе не е на листата на „Форбс“ со десет најбогати Руси. Рускиот олигарх и милијардер, според „Форбс“, загубил 1,9 милијарда долари и сега „тежи“ само 10,2 милијарди долари, со што падна на 13-тото место на Форбсовата листа на најбогати Руси и на 107. место во светот.

Раѓањето на неговото седмо дете минатиот месец „Форбс“ го нарече најскапото породување во историјата. Трошоците за породувањето на неговата ќерка на американско тло достигнаа повеќе стотици милиони долари.

„Форбс“ наведува дека Абрамовиќ има и колекција на уметнички дела, чија вредност се проценува на милијарда долари, а само оваа година тој купил 40 труда на концептуалниот уметник Илија Кабаков, за кои потрошил 60 милиони долари. Се додава дека поседува и огромна јахта, меѓу најголемите во светот, со која патува низ светот.

Повторно прв на листата најбогати Руси, како и лани, е Алишер Усманов, руски олигарх родим од Узбекистан, со богатство кое се проценува на 17,6 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top