Битолскиот народен театар денеска ги почна подготовките за три театарски претстави инспирирани од Сонетите на Вилијам Шекспир кои секоја одделно ќе ги режираат Јован Ристовски, Ангелчо Илиевски и Благој Мицевски.
На денешната прес-конференција во Битола, директорот на театарот, Валентин Светозарев нагласи дека во трите претстави ќе настапат сите актери вработени во оваа национална установа.
– Трите театарски претстави ќе бидат одиграни на „Битола Шекспир фестивал“ како една компилација. Но, исто така очекуваме овој производ да го понудиме на големиот театарски пазар во светот и објективно очекуваме повеќе настапи на фестивали во светот. Воедно на овој начин го одбележуваме големиот датум во светската уметност, односно 400 години од смртта на Вилијам Шекспир, и токму затоа во април ќе биде и премиерата на овој најнов проект – истакна Светозарев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бурен аплауз за претставата „Сон на летната ноќ“ на Андреј Цветановски на „Битола шекспир фестивал“
-
Tеатарски спектакли на петтото издание на „Битола Шекспир фестивал“
-
„Отело“ на Турски театар и „Симбелин“ на театарот „Иван Радоев“ од Бугарија на „Битола Шекспир фестивал“
-
Вечерва се отвора јубилејното издание на „Битола Шекспир фестивал“