Тројца работници се повредени во пожарот кој вчера наутро околу 09.45 часот избувна во зградата на ЕВН и ЕЛЕМ на скопскиот плоштад, објект кој е во реконструкција. Пожарот избувнал при изработка на фасадата, а опожарен изолациониот материјал и надворешната заштитната мрежа околу 10 катови, соопшти денес МВР.
Од страна на БППЗ пожарот бил локализиран.
При гаснење на пожарот со изгореници од трет степен се здобиле работниците И.С. (35) од Скопје и Д.С. (31) од с.Теово, велешко, кои се пренесени во ГОБ „Св.Наум Охридски“. По укажаната лекарска помош двајцата се пуштени на домашно лекување.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.