Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер е против идејата за затворање на грчките граници.
– Не е ниту законски, ниту е политички прифатливо Европската унија да соработува со трета земја за да ги затвори границите на една земја-членка, изјави Јункер за германскиот весник „Велт“.
-Ние ја поддржуваме безбедноста на границите и на двете страни, но ќе успееме само доколку ја зајакнеме соработката, рече тој и додаде дека не е во ред да се става во опаснот Шенген зоната и слободата на движење на европските граѓани.
Јункер нагласи дека решение на проблемот со бегалците може да биде пронајдено само со заеднички напори, како што беше случај со должничката криза.
Тој ја спомна и германската канцеларка Ангела Меркел, нагласувајќи дека историјата ќе ја оправда за нејзиниот избор за справување со миграцискиот проблем, бидејќи спровела „долгорочна политика“.
Јункер оцени и дека Европа постигнала напредок во справувањето со бегалската криза.
– Конечно гледаме некаков напредок, изјави Јункер, посочувајќи го како доказ за ваквото тврдење намалувањето на бројот на имигранти што од Турција прстигнуваат во Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста
-
Барам почитувањe: Јункер се пожали дека имал проблем со ишијасот, не со пиењето!
-
Јункер: Треба да ја исклучиме драмата од односите меѓу ЕУ и САД