| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се наежите кога ќе ја дознаете приказната за фотографијата што ја избришал „Фејсбук“

Хедер Витен во 2014 година ја направила оваа фотографија на која нејзиниот сопруг Томас го теши нивниот болен син, кој поради вирусот на салмонела имал висока температура. Оваа фотографија дури била и  избришана поради што социјалната мрежа „Фејсбук“ наиде на голем број критики.

dete

-Томас седеше со часови со нашиот син под туш обидувајќи се да му ја намали температурата. Ова беше еден од оние тешки моменти за нас како родители. Додека ги гледав ме преплавија емоциите. Таа сцена ме разнежи. Тоа е мојот свет, мојот син, мојот сопруг. Беше толку трпелив и грижлив додека го држеше нашиот син во скут. Постојано му шепотеше дека сè ќе биде во ред и дека неговиот татко ќе се грижи за него – изјавила Хедер за „Мирор“.

Таа додала и дека некои луѓе не ја разбрале поентата на фотографијата и дека во сето ова виделе голотија. Додека ги гледала тие моменти на неверојатна нежност решила да ги фотографира. Таа фотографија ја објавила на својот налог на „Фејсбук“, а во рекордно време ја споделиле 30 000 луѓе, додека повеќе 120 000 ја „лајкувале“.

heder

Но, фотографијата администраторите ја избришале поради, верувале или не, непримерна содржина.

-Ова родителите го прават за своите деца. Не можам, а да не заплачам кога ќе ја видам таа љубов и лично мислам дека оваа фотографија е прекрасна – додала таа.

Хедер се судрила и со негативни коментари. Имено, некои луѓе ја оцениле оваа фотографија како непримерна.

-Некои луѓе не ја прочитале приказната што стои зад оваа фотографија, а таа приказна е многу моќна“, заклучува таа и додава дека се надева дека еден ден интернетот ќе стане место кои има слух за уметност и човечки емоции, а не само за најниски човечки пориви.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top