| четврток, 6 декември 2018 |

Патот Кичево-Охрид во привремен прекин поради градежни работи

ekonomija-patista-51-1Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на осојничавите места.

Од 13:00 до 15:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути ќе има прекин на сообраќајот поради изведување на градежни работи (минирање) на патниот правец Кичево – Охрид кај месноста Врбјани, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрони.

д 15-ти ноември 2015 година на сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top