Продолжуваат невообичаените температури за овој период.
И среда ќе биде топол ден, прогнозира Метеопро. Претежно облачно, со висока облачност, се очекува да биде наутро и навечер, додека доцна претпладне и околу пладне се очекуваат подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер.
Наутро ќе биде топло, со минимална температура околу 7 целзиусови степени.
Максималната дневна температура ќе има вредности меѓу 18 и 22 целзиусови степени.
Во Скопје се очекуваат подолги сончеви периоди околу пладне. Останатиот ден ќе помине во знакот на умерена облачност. Максималната температура ќе биде околу 21 целзиусови степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.