| четврток, 6 декември 2018 |

Ова ли е притисокот од Ван Хауте – навредите кон државата и народот во функција на преговорите

ванхојтПитер Ван Хауте  се однесува како дел од преговарачката клупа на опозицијата, а не како медијаторот во политичкиот дијалог во Македонија. Овие впечатоци во јавноста се сѐ посилни откако Ван Хауте продолжи со своите дописи на „Твитер“, во кои продолжува со навреди и со оценки за актуелните случувања во државата.

Откако наместо како помагач во преговорите, нив комплетно ги закочи со предлог-законот за медиуми, Ван Хауте се посвети на коментари против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, како и со изразување директни ставови против одржување на изборите на 24 април, онака како што е договорено во Пржино.

За време на распитот на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески во Кривичниот суд, по најавената акција „Титаник“, Ван Хауте објави порака која гласи:

„Ноќ во Судот“ гласи пораката на фотографијата со мачката под која пишува. „Не, чесен судијо, не сум виновен“.

vanhaute-3Своите навреди, пак, тој ги нарекува „алатки за насочување на преговорите во вистинска насока“. Во кус телефонски разговор, откако му беше посочено дека јавноста го доживува како поддржувач на едната страна во преговорите, а не како посредник, белгискиот експерт рече дека не му е важно каков впечаток остава во земјата во која се наоѓа.

-Луѓето може да мислат онака како што сакаат да мислат. Јас ја истакнувам важноста од вистински преговори и на имплементацијата на претходните препораки како и европските реформски приоритети и тоа е сѐ.

Секако, Ван Хауте кој и претходно си поигрувал со достоинството на Македонија и на граѓаните и овој пат се обиде да се оправда со „слободата“.

– Луѓето треба да читаат и да го гледаат она што е на „Твитер“ и нивно е да одлучат за натамошните коментари, тие се слободни да имаат свое мислење  и да ги изразуваат своите ставови, јас нема да ги коментирам – додаде тој.

Пред овој негов нов „напад врз сетилата“, Ван Хауте привремено се воздржуваше по коментари на социјалните мрежи на кои ги застапуваше ставовите на опозицијата. Неговите однесувања и навреди за време на преговорите, како и оценката дека тука не вирее европски менталитет, станаа „главна вест“ која дури и ги стави преговорите во втор план. За потсетување, само еден момент, без задршка среде преговори врескал по присутните пратенички „Престанете да се*ете“.

Сегашното негово активирање, пак, доаѓа по тајната „приватна“ средба на Ван Хауте со тешката артилерија на Сорос на која од него било барано „да продолжи со притисокот“, во исто време кога и Специјалното обвинителство на Катица Јанева почна истрага во која се обидува да ги оцрни функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука на место е прашањето – дали целта на Белгиецот е да ги завршите преговорите навреме или да ги одложите изборите?

-Јас немам цел, јас сум медијатор и посредувам, на партиите е да се согласат за она што треба да се согласат – вели  Белгиецот за „Република“.

vanhaute-5Но, на пример со пораката на 12 февруари го вели токму спротивно: „Избори? Значи може да смениш документи трипати во една година? НЕ!“

Ван Хауте добро знае дека тешко кој во државата ќе му поверува. Ниту тој е прв пат во улога на медијатор во земјава, ниту пак Македонија и регионот немаат искуство со посредници и тоа што значи одговорно вршење на оваа функција. Неговото однесување не само што е атипично за медијатор, туку и за навреди од ваков „калибар“ досега, во кои било други преговори, ќе беше или отповикан или истеран од државата.

Посредникот од Белгија, Питер Ван Хауте веројатно е свесен за сѐ што предизвикува, па во име на македонската јавност и на слободните медиуми, му ја пренесуваме нивната порака: „Престанете да се*ете“. Во негов преговарачки стил.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top