Македонската асоцијација на новинари (МАН) го осуди лажното претставување на новинарот на „А1 Он“ како новинар на неделникот Република и оценува дека ваквиот настан претставува удар врз новинарството.
Во реакцијата на МАН се вели:
Македонската асоцијација на новинари (МАН) го осудува лажното претставување на новинар на порталот „А1 Он“ како новинар на неделникот „Република“.
Имено новинар на порталот од засега непознати причини денеска во Пустец лажно се претставил дека е од неделникот „Република“.
Нејасно е зошто и со каква цел новинарот се претстатил дека е од друга медиумска куќа, а не од порталот каде работи.
МАН оценува дека ова е удар врз новинарството и укажува дека ова не е прв случај на лажно претставување.
МАН апелира новинарите професионално да ја извршуваат работата, да се водат според меѓународните новинарски стандарди, меѓу другото да не се претставуваат лажно како во случајов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.