| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Луксузен комплекс на „Ренова“ и „Електрометал“ во Тетово

rem centar

Привршува изградбата на современиот повеќенаменски комплекс РЕМ, кој се гради во Тетово. Инвеститорите, компаниите „Ренова“ и „Електрометал“ од Тетово, денеска го претставија комплексот за кој вложија 40 милиони евра, што во моментот е најголема инвестиција во западна Македонија.

Комплексот на РЕМ, кој зафаќа 60.000 квадратни метри, го сочинуваат 146 станА, трговски центар од 12.000 квадратни метри, луксузен хотел со 5 ѕвезди на 12 ката, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот и 400 паркинг-места.

Официјално, комплексот ќе биде отворен во втората половина на октомври оваа година.

Станбените единици поседуваат енергетско-ефикасен систем за греење и ладење и ги исполнуваат сите највисоки европски технички и градежни нормативи.

Ќе биде обезбеден 24-часовен надзор на целиот објект, видеофонија, алармен систем, централно греење, вклучувајќи и комплетна инсталација со радијатори и калориметри за точно мерење на потрошената енергија.

Хотелот во рамките на комплексот РЕМ ќе располага со 120 соби, бањски центар, базен, сала за вежбање, конференциски сали и ќе биде единствен од ваков вид во западна Македонија, што особено ќе придонесе за дополнителен развој на туризмот во овој регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top