Со финансиска поддршка од Министерството за култура наскоро целосно ќе се реализира проектот за непосредна заштита на црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран, која претставува значајно културно наследство од XIX век.
Од Министерството за култура соопштија дека реализацијата на проектот се одвивала во неколку фази. Во првата фаза била направена конзервација на оригинално зачуваните делови од подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што целосно е оформен подот на црквата. На овие конзерваторско-реставраторски активности претходело археолошко истражување на просторот под подното ниво, со што беа откриени постари сакрални градежни структури.
Втората фаза била реализирана во 2013 година и подразбираше конзервација и реставрација на источната фасада од црквата, додека во 2014 година се одвивале реставраторско-санациските работи на внатрешните ѕидови од објектот, оформувањето на отворите за прозорци и врати, како и финалните работи на подот и на скалишниот простор од нартексот. Во 2015 година било извршено малтерисување на внатрешноста на црквата.
Исто така, завршила и тендерската постапка, по што бил избран најповолен изведувач, кој ја започнал реализацијата на предвидените активности.
Реализацијата на проектот, кој се однесува на непосредната заштита на црквата „Св. Илија“, планирано е целосно да заврши оваа година, во спомен на стогодишнината од бомбардирањето на објектот во Првата светска војна кога претрпе сериозни оштетувања и беше ставен надвор од употреба. Неславниот јубилеј ќе биде одбележан со преосветување на храмот и негово ставање во активна црковна служба, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив